Теохаров аудио со своја промоција
Вчеравечер, во пријатна атмосфера и пред значаен број на посетители, во хотел Хилтон, Теохаров аудио одржа промоција со која прослави заокружување на една значајна фаза од своето постоење.
25 годишното посветено работење е позадина на денешното официјализирање на Теохаров аудио како трговска марка.
Бескомпромисниот квалитет на производната програма која е достојна за почит, веќе е и официјално потврден со СЕ сертификат и усогласен со сите европски регулативи за безбедност и квалитет. До името Теохаров стои ознака R, како симбол за заштитено име и лого во цела Европа.
Со најава на веќе започнатиот проект во соработка со Влатко Стефановски, Теохаров потврдува дека ова е само прво искачено скалило на патот кон исполнување на сите амбиции.
Потрагата по совршениот звук продолжува понатаму.