Осмо издание на „Фестивал на тркала“

Шест европски филмови се прикажуваат во рамки на осмото издание на „Фестивал на тркала“ кое годинава се одржува онлајн преку посебна фестивалска платформа на Сinesquare.net и се достапни до 31 декември 2021.

Фестивалската програма вклучува четири филмови за целото семејство кои се избрани со цел внимателно уживање за претстојните празници, овозможувајќи им на децата и на возрасните низ републиката уживање во квалитетен филм од поновата европска кинематографија.

Програмата на фестивалот се состои од:

Патешествието на принцот (Prince`s Voyage)
Еден стар принц се насукува на непознат брег. Така ранет и изгубен е најден од младиот Том кој го носи кај неговите родители, двајца протерани научници кои имаат свој интерес за љубопитниот новодојденец. Како што смелото момче и мудриот кралски наследник започнуваат серија брилијантни бегства, нивниот капацитет за меѓусебно почитување и разбирање почнува да ги руши границите меѓу нивните светови. Со помош на Том, Принцот открива општество за кое не знае ништо, додека родителите на Том решаваат да го искористат за да докажат дека нивната теорија дека постојат други мајмунски oпштества навистина била точна.

Мираи (Mirai)

Филмот го следи четиригодишниот Кун, кој се обидува да се справи со пристигнувањето на новиот член во семејството, сестричката Мираи. Мистериозната градина во нивниот двор станува порта, која му овозможува на момчето да патува назад во времето каде што ќе се сретне со својата мајка како мало девојче и неговиот прадедо како млад човек. Овие фантастични авантури ќе му помогнат на момчето да го смени мислењето и да стане големиот брат, кој неговата сестра го заслужува.

Подобри си го животот (Level Up Your Life)

Животот на Евелин Молер би бил совршен да не бил нејзиниот шеф д-р Џорџ Пек, кој ѝ го прави животот пекол. Но, убиството не е решение – или барем не е добро решение.

Кожурец (Cocoon)

Берлински Кројцберг е микроорганизмот на Нора. Нора, немиот набљудувач, секаде се шлепа. На забави, на училиште, на базен, по покриви и по станови. Нора шета околу монотоните станбени блокови со постарата сестра и нејзините пријатели, и сведочи настани што се чини како бавно да бледнеат на летната светлина. Девојки што сакаат да бидат слаби и убави, момчиња што кажуваат глупави работи за да провоцираат или затоа што се вљубени. Безмилосни смартфон-камери и кревки тинејџери. Но Нора светот го гледа со поинакви очи, а кога ја запознава Роми, сфаќа и зошто. Има музика во воздухот, телото на Нора се менува, а гасениците ги ткаат нивните кожурци. Реалистичен и пренесен од перспектива на главната хероина, овој филм ни доловува лето на промени.