Maksimovski United промовираше авторска музика во Аудиокултура
По празничната еуфорична музичка мешавина која одекнуваше од сите страни, 11 јануари е датумот кој Аудиокултура го отстапи на Maksimivski United, наедно овозможувајќи ни на сите враќање кон изворот на квалитетна музика.
Едночасовниот настап во живо на Ѓоле Максимовски, еден од најдобрите бас гитаристи кај нас, ја продолжи веќе препознатливата пракса на “Live at Audiokultura” да промовира фантастична музика преку која се креира цврста патека на која има доволно место за сите оние кои непоколебливо остануваат доследни во намерата и желбата квалитетната музика да е светилник кој привлекува.
Сет од сè уште необјавени авторски композиции на Максимовски беа репертоарот кој оваа вечер ја напрви посебна. Претпремиерна изведба во живо на материјалот кој ќе го сочини првиот албум на Максимовски беше уште една неповторлива можност да се доживее сета музичка раскош на одличен репертоар пренесен преку извонредните Hi-End аудио системи од teoharov audio.
Елементал: Ова е Ваш втор настап во живо во Аудиокултура, а веќе најувавате и трет на кој заедно со Дино Милосављевиќ ќе го промовирате неговиот авторски проект Л’арта. Кој е кликот кој ве соединова со Аудиокултура и што е она што тука се издвојува како посебност која Ве инспирира?
Максимовски: Со Аудиокултура кликнав на прва. Многу ми се допадна ангажираноста на газдите и вработените околу нивните производи, и нивниот однос кон се што е поврзано со музика. Место каде се среќаваат најискрените поддржувачи на уметноста.
Елементал: За материјалот од албумот кој е во најава велите дека лесно излегол од Вас. Колку е лесно да се допре до публиката? Мислите ли на неа кога творите или тоа е само изблик на чиста креативност која допрва треба да си го најде патот барем до сличните на Вас гласноговорници против шундот.
Максимовски: Материјалот е плод на моментна инспирација, асоцијација на нешто убаво, некој амбиент, место… Секој ќе си најде бар по една омилена, се надевам.
Елементал: Што значи за Вас како музичар со огромно искуство и изострен сенс за квалитет да се промовира свој материјал преку врвни Hi-End аудио системи?
Максимовски: Можноста за промоција на музика преку врвен HI-End е инспирација и уживање, да видам како вистински ми звучи музиката, поготово што Аудиокултура се наоѓа во мојот град.