Објавен фантастичен расказ на Томислав Османли

Прозната фантазијата „Корто Малтезе во скопската чаршија“, е најновата проза на писателот Томислав Османли објавена во превод на турски јазик во електронското списние „Kritikbu” (kritikbu.com). Corto Maltese Eski Üsküp Çarşısı’ nda (I) — kritikbu.com

Ова списание до сега објавило неколку прозни текстови на Османли. Како и тие, најновата објава со опсежната проза на истакнатит македонски писател, на турски јазик ја преведе нашиот познат преведувач Мехмед Јонуз.

„Корто Малтезе во скопската чаршија“ е, покрај „Малиот Немо во мундирот на Корто“, инаку еден од двата расказа, мета-стриповни фантазии во проза, кои нашиот автор, познат и како љубител и познавач на стрипот, ги создаде како сопствени книжевни посвети на универзално популарниот стрип-јунак на знаменитиот италијанскиот стрип-сценарист и цртач Хуго Прат. Двата расказа се вградени во по една во двете најнови прозни збирки на Османли („Тајното братство на носталгичатите“ и „Океан од слики“), објавени од скопските книоиздателства „ВиГ Зеница“ и „АвантПрес“, и двете во 2018-та година. Вториот од двата расказа на Османли посветени на легендарнио стрип јунак Корто Малтезе за прв пат беше објавен на италијански портал „Bombagiu“ во превод на поетесата и италијанистка Билјана Билјановска, потоа во неговиот оригинален испис на македонски на неколку места, како и на книжевниот „Sehara“ портал во Босна и Херцеговина. Расказот, моментно, на грчки јазик го прведува лингвистката и преведувачка Марија Думба, за неговата претстојна објава  во грчко книжевно списание.

И додека тој расказ е еден вид прозна химна на стрипот како своевиедн „Океан од слики“, но и проза за зреењето на младиот човек низ фантастичниот свет на деветтата уметност, „Корто Малтезе во скопската чаршија“ е фабуларно раскошна фантазија за Скопје од минатото и имагинарнат посета на светскиот патник и морнар на едно мистично скопје во кое возбудлино но и благородно се машаат културите и луѓето од Истокот и од Западот, препознавани како ликови на добри намери.

Инаку, Електронското писание за литература и култура има два домицила, уредничкиот во Турција и техничкиот во Германија, оттука и двојното значење на називот „Kritikbu” што на турски јазик знaчи „критика овде“, а на германски „книжевна критика“. Основач и главна уредничка е М-р Сема Ватансевер книжевна критичарка, теоретичарка и писателка. Таа ја потпишува и уредувачката и редакторската улога и во тукуто објавениот стриповен расказ на македонскиот писател. Во е-списанието „Kritikbu” прозната фантазија „Корто Малтезе во скопската чаршија“ на Томислав Османли се објавува во четири продолженија.