“Цртање на асфалт” по повод денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј

ЈУ. Детски културен центар – Карпош, Скопје традиционално и оваа година ќе ја реализира манифестацијата „Цртање на асфалт“ која се реализира по повод 24 мај денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј.

Манифестацијата ќе се одржи на отворено, на 23.05.2023 година (вторник), од 10.30 часот на просторот ПЛОЧНИК- Општина Центар.     Се надеваме дека како и изминатите години и оваа година децата ќе нацртаат убави, весели и креативни цртежи кој се по слободен избор и со нивните творби како и досега ќе ја изразат својата креативност и фантазија