Парко 2047 – футуристичка слика на градскиот парк во еден фестивал

Овој викенд, вибрантната енергија на една група ентузијасти по втор пат ќе го трансформира градскиот парк на Битола во патување кон иднината.

Овој настан, како и минатата, така и оваа година се осмелува да ја обмисли иднината на музиката, уметноста и урбаниот живот, трансформирајќи го градскиот парк во царство на креативност и поврзување.

Идејата за овој фестивал е предводена од динамичното трио – Стефан Милевски, Александар Петровски и Марко Трајков и нивни блиски пријатели и бројни волонтери, како приказ на нивната непоколеблива посветеност да внесат нов ветер на битолската културна сцена.

Стефан Милевски е познат  DJ од новата генерација под алијасот Berryqуat, визионерски артист и движечка сила зад фестивалот, кој тврди дека овој проект може да биде катализатор за културна промена. „Нашата цел беше да создадеме искуство кое не беше само музичко-уметнички настан, туку настан пресликан во нашите аспирации за иднината на Битола која мора да ја ослободиме од кичот“, сподели тој на пресот кој му претходеше на самиот старт на фестивалот.

Александар Петровски, инаку фотограф, додава еден свој придонес во амбиентот на настанот, создавајќи визуелен наратив и минатата и оваа година е посебен. „Парко 2047 е повеќе од фестивал, тоа е покана за истражување на пресекот на уметноста, музиката и урбаниот живот преку изложби, сетовите на бројни диџеи, енергија на новите бендови, игра, доживувања, гастрономија“, изјави тој.

Марко Трајков е исто така DJ од новата генерација под алијасот BADJUJU кој е решен да направи настан кој го надминува времето. „Паркот во Битола ни стана платно за нашите соништа“, изјави тој. „Сакавме да создадеме средина каде што музиката, уметноста и игрите ќе се спојат за да ги редефинираат нашите перцепции за модерните урбани простори“.

Дневната атмосфера на фестивалот е игралиште на креативност за сите возрасти. Децата се нурнати во интерактивни игри и имагинативни активности, поттикнувајќи средина на љубопитност и истражување. А од зајдисонце, фестивалот се трансформира и така две живописни бини се сцената за низа диџеи и бендови чиј број надминува триесет, во овие три денови.

Парко 2047 е повеќе од фестивал, тоа е како сетилно патување, преку вкусот на бургерите од кисоците, преку глетката на уметничките инсталации што инспирираат и музиката на новото време. Простор, каде новите генерации творци се осмелија повторно да го замислат пејзажот на својот град, на свој начин.