Отворање на изложба “Носталгија” од ликовниот уметник Драган Гелев во МКЦ
Денес, 18 септември, ликовниот уметник Драган Гелев ќе ја отвори својата изложба со наслов “Носталгија”. Настанот започнува во 20 часот во Галеријата на МКЦ.
Драган Гелев e роден 1984 година во Штип. Со сликање се занимава од најраните училишни денови и продолжува до ден денес да ја негува сликарската уметност. Автор е на повеќе од 200 авторски дела работени во различни техники. Неговата уметност припаѓа на модерниот експресионизам ,апстрактната уметност и акционото сликарство.
Досега неговите дела се изложувани на групни изложби во Базел и Цирих Швајцарија каде што живее и твори. Во месец Септември 2021 година од страна на весникот Nau.ch бил прогласен за уметник на месецот.
Критичарката Маја Живановиќ за делата на Гелев, вели: “ Творештвото на Драган Гелев припаѓа на перфомативното, односно акциско сликарство бидејќи самото платно е акциона плотна на која уметникот делува со брзи потези и интензивни бои создавајќи метафора на човекова и уметничка слобода што предизвикува различни асоцијации кај гледачот или обичниот набљудувач’’.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 31 септември 2023 година и истата е од има хуманитарен карактер. Сите средства од продадените дела ќе бидат донирани на фондацијата “др Симеон Василев”.