“Solo Piano – The language of jazz” со Гордан Спасовски во Аудиокултура
Четвртокот кој измина во Аудиокултура доминираше извонредна џез-музика во интерпретација на пијанистот Гордан Спасовски.Компилацијата од избрани композиции беше отсвирена на акустично пијано кое KRITERIUM MUSIC го постави во Аудиокултура специјално за настапот во живо на Гордан.Со овој соло настап Гордан презентираше џез стандарди низ кои се проткаени неговиот личен сензибилитет и огромното музичко искуство. Како и секогаш, звучната репродукција се реализираше преку системите од teoharov audio, а тоа е еден од клучните фактори поради кои музиката отсвирена во живо се испорачува до публиката во својата совршена форма. Впрочем, презентацијата на музиката преку спој на одлични музичари, избран репертоар и hi-end звук е синоним за “Live at Audiokultura” и неодоливо задоволство во кое љубителите на музиката уживаат веќе втора година.Споделуваме фото-галерија од Татјана Ранташа преку кој се доловува дел од прекрасната атмосфера од овој настан.