„Live at Audiokultura“ со Ема Попивода
Соло настапот на Ема Попивода во Аудиокултура беше совршен спој од одлична музика, маестрално музицирање и пријатна атмосфера. Музичкиот избор го сочинуваа авторки компизиции за кои Ема најави дека ќе бидат дел од нејзиниот нов албумот кој наскоро ќе биде издаден во Италија. Пренесувањето на музиката во совршена форма, до публиката беше овозможено од КRITERIUM MUSIC кои специјално за овој настан поставија свое пијано во Аудиокултура и Teoharov audio преку чии системи се реализираше звучната репродукција. Сеопфатната темелност, посветеност и софистицираност како основни критериуми врз кои Аудиокултура гради квалитетна музичка култура, уште еднаш и овозможи на публиката да ужива во прекрасна музика и нејзино восприемање на уникатен начин.