„Мајчино млеко“ – латвискиот бестселер што ги топи и најтврдите човечки срца
„Мајчино млеко“ – латвискиот бестселер што ги топи и најтврдите човечки срца
Романот „Мајчино млеко“ на Нора Икстена го опфаќа периодот од крајот на Втората светска војна и ја раскажува приказната за судбината на три генерации жени, но и ги разгледува ефектите на советската власт врз една индивидуа. Мрачна приказна за опстанокот, за жените и нивните животи под советска окупација.
На прв поглед, овој роман ја отсликува проблематичната врска помеѓу мајка и ќерка сместена во Балтикот, со кој владее Советскиот Сојуз, помеѓу 1969 и 1989 година. Сепак, под површината се крие нешто многу попозитивно: приказната за три генерации жени и важноста на една баба која ѝ го дава на внуката она што нејзината ќерка не можела да и го обезбеди – љубовта и желбата за живот.
Централниот лик во приказната, мајката, се обидува да го следи нејзиниот повик како доктор. Но, тогаш стапува државата на сцена. Таа е лишена прво од професионалната иднина, потоа од идентитетот и на крајот од врската со нејзината ќерка. Протерани во село во Латвија, нејзиното чувство на изолација се зголемува. Дали таа и нејзината ќерка ќе можат да се вратат во Рига кога ќе почнат да се случуваат политичките промени?
Целиот текст на романот е проникнат со одрекување – од сопругот и таткото, од соништата и намерите, од работата и верувањата, од пријателите и од оние што ги сакаме. Мотивот на простување е многу силен и изразен преку болката за жените од сите генерации. Тековна задача на ќерката уште од детството е да ја одржува во живот мајката, која намерно ја отфрлила да не прима мајчино млеко за да ја спречи од болка и очај.
„Извртувањето на судбината на три генерации жени – ќерка, мајка и мајка е како заплеткана плетенка. Толку стегнат што ги повредува корените на косата. Се формира магично женско тројство. Животот и смртта. Нивната истовремена острина и мекост е длабока и во реалистичните детали и во поетски симболи. Љубов и омраза. Нивниот висок напон. Среќа е да се прочита дело каде овие големи концепти се уметнички исполнети, бидејќи тоа ретко се случува.“ – Мара Залите
Книгата ја има добиено латвиската награда за литература во 2015.