Енија-музички препев на митологијата

Енија Патриша Бренан, родена на 17 мај 1961 година, под името Eithne Pádraigín Ní Bhraonáin, е ирска пејачка, композиторка и музичарка. Енија била родена во живописните предели на Гвеедоре, област каде ирскиот јазик е кантонизиран како мајчин. Природен бил патот кон келтската музика и амбиенталните звуци на харфите, гајдите и кавалите. Во 1980 година станала дел од бендот „Clannad“. Но гласот на Енија, триумфалниот и кристален мецо-сопран, не бил предодреден да остане засолнет во сенка како придружен вокал, нејзиниот тоналитет и распон набрзо станува препознатлив квалитет во класичната, црковната и фолк музиката.

BERLIN, GERMANY – APRIL 07: Enya performs during the Echo Award 2016 show on April 07, 2016 in Berlin, Germany. (Photo by Isa Foltin/Getty Images)

Музика инспирирана од валадарските харфи на Толкин

Бидејќи Енија често изведувала песни според текстот на големиот писател Толкин, кој впрочем создал свој јазик наречен Quenya, фановите шпекулирале поврзаност на името. Меѓутоа и покрај тоа што во својата долга и обемна кариера Енија ќе изведе многу негови дела сепак името не е никаква кратенка, туку лексичка коинциденција. Како и да е, Енија е спелувачка фонетска формација на Eithne од ирскиот дијалект Улстер.

Нејзината музика е во голема мера инспирирана од композиторот Сергеј Рахмањихов и фантастичниот свет на хобитите и самовилите, зеленилата на Средната земја. Енија изведувала нумери на десет јазици, меѓу кои и на измислените Толкинови јазични групи: Quenya и Sindarin.

Успешна кариера без лобирање и мрежен маркетинг

Статистиката покажува дека Енија е втор најпродаван ирски артист после U2. Таа продала 75 милиони копии ширум светот што е пет пати повеќе од целокупниот број на албуми кои Бијонсе низ својата кариера ги продала во Велика Британија, притоа без да ги користи маркетиншки кампањи или социјалните мрежи за себепромоција, затоа што во суштина во 90-те години нивното создавање не било ни на повидок.

Добила номинации за Оскар и Златен Глобус за изведбата на песната „May It Be“ напишана за „Lord of the Rings: The Fellowship of the ring“.

Скромна колку новооткриена планета

Енија не е дел од каприциозните музички ѕвезди, таа води спокоен и повлечен живот, паралелна копија на нејзините песни кои повикуваат на внатрешен мир и хармонија со природата. Напорното работење на самиот полет во кариерата го инвестирала во даблински замок изграден во строг викторијански стил, кој станува нејзин дом.

Нејзиното богатство се проценува на 75 милиони фунти, што ја прави трета најбогата ирска изведувачка, според Форбс листата. Покрај тоа што оставила посебен жиг на музичката сцена, нејзиното име се асоцира и со биолошки и космолошки пронајдоци. Во чест на нејзината песна „Оrinoco flow“, кога во 2017 година бил забележан нов вид на риба во реката Ориноко бил именуван Leporinus enyae.

Малечка планета 6433 Enya, се верува дека чешкиот астроном Антони Мркос, член на опсерваторијата Клет, ја именувал по ирската пејачка.

Методологија на живеењето преточена во музичка дидактика

Во деведесеттите години на минатиот век се појавија многу инструментални групи, кои создаваа нови жанрови и експериментираа со прелевањето од еден стил во друг, но имаа средовечен призвук во центарот на музицирањето. Era, Enigma, Vangelis, сите создадоа музика која кога ќе ја чуеме потсетува на сцените од „Brave heart“ или „Robin Hood“, историско-акциските блокбастери од 90-те, или хумористично на забавена снимка во која главниот лик трча. Сите изведувале на измислени, изумрени јазици, често и на латински.

Ваквите експериментални проекти оставија посебен белег врз историјата на музичко творештво. Некаде се сретнуваат и како музикотераписки средства за намалување на анксиозноста и зголемување на когнитивниот капацитет.

Енија развила уникатен метод на компонирање. На почетокот на процесот на снимање на албум влегувала во студиото, заборавајќи на својот претходен успех и слава. Потоа ги создавала идеите на пијано, водејќи белешки кој аранжман би бил податлив за понатамошна обработка. За време на пишувањето Енија работела по пет денови во седмицата, а викендот одморала и ги возобновувала силите за понатаму.

Бидејќи ирскиот е нејзин роден јазик, најпрво ги снима песните на ирски, а потоа на англиски, сметајќи дека на тој начин може да ги пренеси првобитните чувства подиректно. Во 2008 нашла начин како да напише две или три песни за време на зимските месеци, да работи на аранжмани и текст во последователните сезони на пролет и лето, за потоа повторно да се посвети на неколку песни кога ќе пристигне есента. Овој циклус на творење го емитува циклусот на животот.

Елементал ви посакува пријатен почеток на неделата и ве остава да уживате во звуците на легендарната изведба на „Оnly time“:

автор: Јована Матевска Атанасова