„Забрањено пушење“ е босанска рок-панк група основана во Сараево во 1980 година, формирана во спротивност со тогаш преовладувачката југословенска панк-рок и нов бран музика, а тесно поврзана со културното движење Нов примитивизам и радио и ТВ-сатирично-смешно шоу „Топ листа на надреалиста“. Музичкиот стил на групата е генерално признаен како посебен гаражен рок-звук со влијанија на народната музика, честопати со иновативна продукција и сложена нарација. Групата брои шест члена: Ненад Јанковиќ (Неле Караљич)-вокал и клавијатури, Зенит Ѓозиќ – тапани, Мустафа Ченгиќ Муче – гитара, Младен Митиќ – бас, Огнен Гајиќ – саксофон и флејта и гитаристот Давор Сучиќ. Во првата фаза во групата пее Борис Шибер.

Како простор за вежбање уредуваат подрумска просторија на која и даваат име ДП Заборав (дернек просторија заборав)

Во текот на 1980-тите, тоа е една од најзначајните музички појави во поранешна Југославија која има исклучително добро посетени концерти и стотици илјади продадени плочи. Обично благата и симпатична критика кон социјалистичкиот систем и навиката да отвораат прашања чувствителни за тоа време, им прави проблеми со комунистичките власти.

Својот прв настап го имаат во „Петтата гимназија“ а одма после тоа настапуваат на како предгрупа на „Лабораторија звука“ во Домот за млади. Нивна прва песна е „Пензионери иду на мое зими“ снимена за радио Сараево 1981 година. Поради отсуства за војска, во полн состав почнуваат да свират дури во 1982 година.

Нивниот деби студиски албум „Das ist Walter“ е објавен во јуни 1984, во продукција на Махмут Паша Феровиќ. Истиот првично е испечатен во мал број, а на крајот продаден во 100.000 примероци, поставувајќи рекорд во надминување на првичното издание за 30 пати. Плочата ја отвора воведната тема од култниот филм „Валтер Брани Сарајево“ после која следуваат: ”Анархија all over Башчаршија“, „Зеница блуз“, „Нечу да будем Швабо у дотираном филму“, „Sheki is on the road again“ како и специјалниот рецитатив „Памтим то као да је било данас“.

Со вешто користење на цитати од светската сцена и посебен акцент на групата „The Rolling Stones“, во текстови кои се занимаваат со улична сараевска тематика, брзо се стекнуваат со епитет предводници на новопримитивниот бран кој вклучува редовна употреба на сараевски сленг, навивање за фудбалскиот клуб Жељо и шегување на секоја достапна тема.

Летото 1984 година го снимаат првиот серијал „Топ листа надреалиста“ кој достигнува широка југословенска популарност.

Есента 1984 година, групата започнува концертна турнеја од 60 концерти во најголемите сали во поранешна Југославија и многу брзо стануваат најголемата рок атракција по објава на само еден албум.

Имајќи предвид дека се повеќе се занимаваат со сатира, за време на споменатата турнеја, на концертот одржан на 27 ноември 1984 година во Риека, Ненад Јанковиќ, зборувајќи за засилувачот кој се расипува во тој момент, вели: „Црк’о Маршал … мислам на засилувачот“, и тоа е коментар кој групата ја доведува во неволја. Тие се критикувани од медиумите, а кампањата против нив доведува до откажување на концертите и отстранување на надреалистичкиот врвен список од телевизиската програма. Полузванично се тргнати од радио и ТВ емисиите а самоиницијативно одлучуваат да прекинат да работат на емисијата „Топ листа надреалиста“ иако истата година на фестивал во Охрид добиваат награда за текст.

Целата гужва, сама од себе, се смирува некаде во текот на пролетта. За повеќето целата ситуација изгледаше смешна, знаејќи дека истиот штос со маршалот групата Идоли го продаваше на своите концерти уште во 1981 година.

Во 1985 година, во релативно мирна атмосфера го снимаат своето дупло ЛП „Док чекаш сабах са шејтаном“. Како клучни се искристализираа песните: „Девојчице којима мирише кожа“, „Стање шока“, „Ибро дирка“ и „Сањао сам ночас да те имам“. Песната „Недеља кад је отиш’о Хасе“ е инспирирана од последната утакмица на легендарниот фудбалер Асим Ферхатовиќ Хасет која ја искористат како метафора за смртта на Тито и неговото заминување од политичката сцена и тоа е песната која обработува два значајни моменти од југословенската историја. Погелем број од материјалот е напишан од Сејо Сексон, Неле Карајлиќ, Дражен Јанковиќ и Елвис Ј Куртовиќ, а за дел од песните се користени текстови од Жак Брел и Јуре Каштелан. Продукцијата е повторно на Махмут Паша Феровиќ. Со новите песни освојуваа и нови простори. Големата бина е просторот кој му дава можност на Карајлиќ да скока и трча. Трча наоколу, вика по разгласите и се соблекува гол до половина. Во загребачкта сала „Ватрослав Ласински“ се качуваше по концертниот клавир, вознемирувајќи го обезбедувањето, а воодушевувајќи ја публиката.

Пред излегување на третиот албум „Поздрав из земље Сафари“ (1987) групата ја напуштаат Мустафа Ченгиќ, а снимањето продолжува со гитаристот Предраг Ковачевиќ (екс Елвис Ј Куртович), тапанарот Фарис Араповиќ, а на бас во три песни гостува филмскиот режисер Емир Кустурица. Песните се повторно на тандемот Сексон/Карајлиќ. Во песната „Пробушени долар“ коавтор е Емир Кустурица, а „Добри јарани“ е обработка на биталсовата „Can’t Buy Me Love“. Од овој албум се издвојуваат хитовите „Балада о Пишоњи и Жуги“, „Хаџија или бос“, „Последња оаза (у лошој форми сам) “ и „Дан Републике“. Во почеток се избегнувало оваа песна да се пушта на радио, но со тек на времето таа станува нивен ударен концертен адут.

Во октомври 1988 година, бендот го издава својот четврти албум „Мале приче о великој љубави“ на кој учествуваат оперската пејачка Соња Миленковиќ, виолинистот Дејан Спаравало, како и Горан Бреговиќ како придружен вокал и гитарист. Најголемиот број песни се напишани и продуцирани од Сејо Сексон. Плочата поминува со просечен успех кај публиката, но затоа турнејата од над 60 концерти, чија програма е комбинација на театар и рокенрол, го одржува оптимизам неопходен за тоа време. Истата е проследена од над 200.000 посетители и е прогласена за најуспешна турнеја на сцената во 1989 година, оставајќи зад себе дури и имиња како Бијело дугме и Лепа Брена.

Неколку месеци пред почетокот на војната во Босна, Неле и Сејон Сексон одлучуваат да ја прекинат заедничката соработка, поради разлика во идната музичка концепција. Групата прекинува со работа крајот на летото 1990 година.

Неколку години подоцна, сведоци сме на две засебни повторни покревања на Забрањено пушење. Една од страна на Неле а друго од Сејо Сексон и Елвис Куртовиќ.

Дискографски, нивното творештво е со следен ред:

„Zabranjeno pushenje“ (Beograd)

„Ja nisam odavde“ (Komuna 1997)

„Muzika iz filma crna machka beli machor“ (Komuna 1998)

„Life in Miracle“ (Universal 2004)

„Life in Miracle“ (Warner 2005. koncertni)

„Life in Miracle“ (Warner 2005. Koncertni DVD)

„Zabranjeno pushenje“ (Sarajevo/Zagreb)

„Fildzan vishka“ (Dallas Records 1997.)

„Hapsi sve!“ (Croatia Records 1998 koncertni)

„Agent tajne sile“ (TLN Evropa/Dancing Bear 1999)

„Bog vozi Mercedes“ (Nimfa Saund/Menart 2001.)

„Life in St. Louis“ (Intakt Records 2004. Koncertni)

„Hodi da ti chiko neshto da!“ (Civitas 2006. Dupli)

автор: Бон&Бона