О – Оливер Кинг, роден како Јосиф Оливер, (11 Мај 1885 – 8 Април 1938), корнетист, кој бил витална врска помеѓу полумитската предисторија на џезот и јасно документирана историја на џезот. Тој е запаметен по тоа што го избра за свој штитеник човекот кој генерално се сметаше дека е најголемиот од сите џез музичари во Њу Орлеанс, Луис Армстронг.

Роден на плантажа, уште како младо момче заминал во Њу Орлеанс и започнал да свири корнет во 1907 година. Веќе до 1915 година тој бил познат како основач на џез бендови, а две години подоцна го спечалил и прекарот „Крал“. Следната година, по затворањето на Сторивил, градската област со црвени светла, Оливер се преселил во Чикаго. Четири години подоцна тој побарал од Амстронг да му се придружи како втор корнетист, со што индиректно влијаел на ширење на џезот низ континентот и на крајот на светот. Во 1928 година отишол во Њујорк  и од оваа точка почнал неговиот пад, кој завршил со смрт под неразјаснети околности. 

П – Петручиани Мишел (28 Декември 1962 – 6 Јануари 1999) Француски џез-пијанист, кој ги надминал физичките препреки (имал болест што ги уништувала неговите коски и му го отежнувала растот)  за да стане извонреден импровизатор, фалсификувајќи еклектичен стил кој опфаќа рафинирана техника и репертоар кој содржи романтични мелодии; иако Петручиани често работел со етаблирани музичари, вклучително и саксофонистите Ли Кониц и Чарлс Лојд, тој бил најзабележан по своите експанзивни соло изведби без придружба со употреба на оригинални и стандардни песни.

Р – Рита Рејс родена како Марија Евердина Рејс (21 Декември 1924 – 28 јули 2013) Холандска пејачка, своевремено наречена „прва дама на џезот во Европа“, поради нејзината шест-децениска музичка џез кариера; во подоцнежните години го проширила репертоарот надвор од границите на џез-стандардот и станала позната по нејзиниот чувствителен поп стил, снимајќи дела од американски текстописци како Џорџ Гершвин и Бурт Бачарах. Рејс започнала да настапува со нејзиниот прв сопруг тапанарот Весел Илкен во Холандија. Во 1953 година тие поминале неколку месеци во Шведска, каде што ги воодушевила европските и американските музичари. Во САД снимала со Jazz Messengers и пеела со бендовите предводени од органистот Џими Смит и тапанарот Чико Хамилтон. По смртта на Илке (1957) се омажила (1960) со својот пијанист Пим Џејкобс, со кого настапувала низ цела Европа. Ги издала албуми The Cool Voice of Rita Reys (1957), Beautiful Love: A Tribute to Pim Jacobs (2004) и Young at Heart (2010) . Автобиографијата Рита Рејс насловена како Лејди Џез, напишана во соработка со новинарот Берт Вујсје, била објавена во 2004 година.

автор: МАНА