Премиера на „Демони“ во режија на Васил Христов во Народен театар Битола
Ансамблот на Народниот театар-Битола, вечерва (25 февруари) со почеток од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Демони“ на Ларс Норен, во режија на Васил Христов.
Секој од нас во различни години од животот ги открива или пак ги запознава своите ,,демони”во себе си .
Колку често ги лажираме нашите партнерски односи кои се токсични и нездрави ? Каква е таа љубов која не тишти и не прави тажни ? Зошто на моменти сме несреќни ?
Ова се само дел од прашањата кои често ни зујат во главата , а свесно ги игнорираме . На сцената гледаме четворица актери или четири ,,огледала “ во кои не само што го гледаме нашето лице ,туку и ја чувствуваме и нашата душа,копнеж ,тага,љубов …со еден збор гледаме еден ЖИВОТ .
Претставата ,,Демони “ од Ларс Норен е новиот театарски печат на Васил Христов -Вуси , кој секогаш преку својот театарски израз не соочува со себе си и храбро ја издигнува секоја човечка проблематика која е заглавена во некој систем, време , простор и однос .
Во елементал пред премиерата на претставата ,,Демони” накратко разговараме со актерката Лина Чоревска која го игра главниот женски лик -Катарина .
Лина здраво и пред се ви благодариме на вашето одвоено време .
Колку овој лик -оваа жена кој ја играте ве замисли и ги разбуди вашите мисли и дали постојаната потрага по љубов е таа сила која не прави среќни ?
Лина: Катарина е тажна, таа е жена која живее со човек кој неизмерно го сака но е во постојана борба со своите чуства, поради нездравиот однос кој го имаат со својот партнер Френк. Или како што самата кажува ,, длабоко во мене има и хаос и спокој”. Силна но тажна… Некаде прочитав дека тагата не е ништо друго туку љубов која нема кому да ја дадеш.
Што се однесува до ,,Демони”мислам дека направивме една модерна анти- бајка во која како огледало можеме да се препознаеме сите ние и да пронајдеме дел од нашите демони. Му благодарам на Вуси за довербата и можноста што ми ја даде да учествувам во еден ваков исклучителен театарски процес.
ДЕМОНИ
Ларс Норен
Превод од англиски: Снежана Крајчевска Плушковска
Режија: Васил Христов
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Андреј Ѓоргиевски
Играат
Катарина…….. ИЛИНА ЧОРЕВСКА
Фрeнк……… ОГНЕН ДРАНГОВСКИ
Јена……… МАРИЈА СТЕФАНОВСКА
Томас………ЗДРАВКО СТОЈМИРОВ
Инспициент: Димитар Михајловски
Суфлер: Мирјана Христовска
Тон- мајстор: Александар Димитровски
Светло-мајстор: Игор Мицевски
Фотограф: Ивона Кочов