“Live at Audiokultura”– ново музичко доживување со Петар Марков Маруш квинтет

По тригодишниот застој предизвикан од светската пандемија, функционирањето во стеснети кругови остана комфорна зона од која дури и во поголеми количини се исцрпуваат уметничките па и животните задоволства.

Масовните собири кои создаваа еуфорија и емотивен занес спонтано се заменија со посета на помали сцени од кои извира суптилна доминација на урбана перфекција, софистицираност, врвен квалитет и неограничени можности за апсорпција на сите благодати кои ги нудат музиката и уметноста генерално. 

Под генерално покровителство на Комерцијална банка, во Аудиокултура се реализираше уште еден “Live at Audiokultura” настан на кој настапи извонредниот млад музички состав Petar Markov Marush квинтет.

Концептот за кој одамна се зборува во суперлатив, сталожено продолжува да биде инспирација за поддржувачи на вистински вредности и траекторија на која има доволно место за сите респектабилни чинители на општество кое се стреми да гради светла музичка иднина. 

Одличниот избор од џез композиции во фантастична изведба на Petar Markov Marush квинтет креираше атмосфера на гламур, ентузијазам и позитивни вибрации. Сосема соодветно на препознатливите високи стандарди за музика и врвен звук кои ги поставуваат Аудиокултура и teoharov audio преку чии системи се реализира звучната репродукција на настапите во живо.

Елементал: Петар, за нас како гости беше вистинско задоволство да се проследи вашиот настап во живо.

Какви се Вашите впечатоци и што за Вас како млад бенд значи да се застане на сцена на која настапувале реномирани домашни и странски музичари?

Петар: Ни беше голема чест и големо задоволство. Од друга страна, имавме голема одговорност знаејќи дека настапуваме во едно од најреномираните места во Македонија, во коешто настапуваат врвни музичари од светски рамки. Да се музицира во место какво што е Аудиокултура е голема инспирација. Во ниту едно друго место ја немам почувствувано музиката во својата целокупна слика и смисла. Сон на секој музичар е да ужива во врвен звук додека музицира и слуша музика. Аудиокултура ни го овозможуваат токму тоа.

Покрај двочасовната музика, атмосферата за максимално уживање на посетителите ја надополни Винарија Камник чии прекрасни вина се служеа како welcome drink на настанот.

Фотографии: Стефан Рајхл.

Текст: Бон&Бона