“Wine and Music Sessions” во Аудиокултура

Вчеравечер во Аудиокултура се реализираше уште еден настан од заедничкиот концепт на Аудиокултура и Винарија Камник наречен “Wine and Music Sessions”.

Под мотото “Музиката соединува, виното инспирира” оваа втора сесија беше продолжение на замислата, преку неколку различни настани, да се долови суштинската врска помеѓу музичката и винската култура.

Вчерашното автентично патувањето кон допирање на сржта на традицијата и нераскинливата врска меѓу овие две култури беше настан во кој беа вкрстени музиката, виното и поезијата. Широките рамки на вековните меѓусебни инспирации беа доловени преку музика од Марко Виденовиќ во изведба на оркестар од Филхармонија и моќни поетски творби од Блаже Коневски, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и Славко Јаневски во рецитал на Драгана Левенска.

Специфичниот амбиент и условите кои Аудиокултура ги има поставено како стандард за промоција на квалитетна култура и значајни дела, беа одлична основа за збогатување на вечерта со винска компарација на различни вина од иста сорта на грозје од палетата на Винарија Камник и доловување на нивните раскошни карактеристики.

Нов и специфичен настан од овој социјално-културен тренд кој го воспоставија Аудиокултура и Винарија Камник, ќе следи веќе идниот месец. 

Пријатна атмосфера, музика, врвен звук и вино се основата на која ќе се изгради скалило плус за квалитетно урбано живеење.