„Wine and music“ во Аудиокултура

Во трката со времето и трагањето по нови откритија, постојат и искуства кои се стекнуваат враќајќи се наназад, посветено и темелно осознавајќи инспирации, структури и традиции, кои сè уште се суштински за она што се креира денес, но и она што ќе се креира во иднина.

Под мотото „Музиката соединува, виното инспирира“, во Аудиокултура се реализираше трет по ред музичко-уметнички и истражувачки процес преку кој се открива суштинската врска помеѓу музичката и винската култура.

Древен и научен е податокот дека вкусот на виното во голема мера зависи од музиката која ја слушаме додека го пиеме. Во оваа прилика, The Orange од винарија Камник беше автентичното вино со кое посетителите детално се запознаа.

Во атмосфера на урбан комфор и перфектна звучна репродукција овозможена од системите на teoharov audio, музиката во изведба на Никола Бочваров Квартет беше клучот кој ја отвори максималната сензибилност на сите сетила преку кои се спознаваат деталните карактеристики на ова прекрасно вино.

Вечерта на суптилно надополнување и меѓусебна инспирација кои музиката и виното ги поттикнуваат креираа атмосфера на безрезервно уживање во уникатно искуство кое долго ќе се памети.