“Live at Audiokultura” со Адриано Триндаде

Одлична музика, пријатна атмосфера и културни изненадувања се впечатоците од синоќешниот “Live at Audiokultura” настан на кој свој настап живо реализираше Адриано Триндаде од Бразил.

Под генерално покровителство на Комерцијална банка и овој настан во потполност ја долови суштината на музичката безграничност и бенефитите од нејзината достапност.

50 нови посетители уживаа во авторска музика од Адриано, но и во извонредните музички вештини од Петар Марков Маруш и Искра Србиновска кои заедно со Адриано одсвиреа неколку композиции.

Вечерта на одлична музика и врвен звук од системите на teoharov audio беше надополнета со дегустација на прекрасните вина од Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery)

ПР објава