“Live at Audiokultura” со Летечки пекинезери

Аудиокултура вчеравечер беше сцена за уште една музичка група која преку свој настап во живо приреди уникатно музичко уживање за 50 нови љубители на квалитетна музичка култура.

Под Генерално покровителство на Комерцијална банка, Летечки пекинезери презентираа авторска музика, но и раскошно музицирање, софистицираност, компактност, изразена мелодичност и префинет стил.

Исклучителна улога за презентација на музиката на највисоко ниво има Teoharov audio преку чии системи се реализираше звучната репродукција и на овој “Live at Audiokultura” настан.

Црвеното вино Кратошија беше изборот на Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery) за пијалак на вечерта.

KRITERIUM MUSIC и Ladna се официјални поддржувачи на концептот “Live at Audiokultura” кои со своите производи го збогатуваат секој настан и ја оплеменуваат заложбата за промоција на квалитетна музичка култура.

ПР објава