„Live at Audiokultura“ со Дамир Имери трио

Аудиокултура ја продолжува промоцијата на одлична музика преку реализацијата на концептот „Live at Audiokultura“ и уште еден настан на кој свој настап во живо реализираше триото во состав Дамир Имер, Ади Имери и Ратко Даутовски.

Долгогодишното заедничко, но и индивидуално творештво на овие извонредни музичари бележи успешни дела во класичната и традиционалната музика, но и во сферата на џез музиката.

Настанот на кој Генерален покровител е Комерцијална банка и нејзината Master Card Platinum, се реализираше на 8 декември 2023 година.

Вечерта на музичка компилација во која се проткаени модерни, но и традиционални ритми беше збогатена со дегустација на македонско вино од асортиманот на Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery)

Звучната репродукција на настанот се реализираше преку системите од Teoharov audio

ПР објава