“Students play music at Audiokultura”
“Students play music at Audiokultura”
Велат: не е совршено кога нема што да се додаде, туку кога нема што да се одземе.
Синоќешниот музички настан во Аудиокултура, потврди дека ова е ултимативна вистина која треба да биде репер за начин на кој се работи или уште подобро начин на кој се живее.
Тезан, Анастасија, Виктор, Михаил, Андреј, Емил, Теодор, Јан и Игор, сите студенти на Музичката академија во Штип, под менторство на Сашо Поповски, вчеравечер во Аудиокултура презентираа маестрално музицирање, синхронизираност, ентузијазам и посветеност, доволно моќни за со себе да понесат цела толпа кон доживување на музиката како величествен еликсир. Маестрално!
Овој настан беше трет по ред од серијата настани во рамки на концептот “Students play music at Audiokultura” преку кој Аудиокултура посветено ја реализира својата мисија на безрезервен поддржувач на младите музичари и нивниот потенцијал кои се императив за создавање на тло врз кое пулсираат можности за раст, развој и остварување на нивните визии и желби.
Со овој настан, Аудиокултура официјално ја заокружи третата сезона од концептот “Live at Audiokultura” кој втора година по ред бележи импресивни музички настани и претставува респектабилен креатор на светла музичка иднина.
Целиот синоќешен настан можете да го погледнете на следниот линк: