Free Jazz во Аудиокултура

Фантастични џез ритми креирани по моментална инспираци на триото Поповски, Китановски и Јосифовски е музиката која доминираше на вчерашниот “Live at Audiokultura” настан со кој Аудиокултура и Комерцијална банка како Генерален покровител ја продолжуваат низата од настани преку кои промовираат квалитетна музичка култура, истата правејќи ја достапна за широка публика.

Препознатливата индивидуалност на овие извонредни музичари, нивното долгогодишно познавање и заедничкото музицирање беа пренесени во музичка формација која го заслуши целото внимание на публиката. Атмосферата креирана од импресива тишина, фокусирано слушање и долг аплауз после секоја завршена композиција говореше дека оваа вечер е многу повеќе од само музички настан. Достојната размена на софистицираност, култура, почитување, музичка и звучна исклучителност на кои сведочевме вчеравечер, се пример кој треба да се следи.

Вечерта на одлична музика беше надополнета со кратка презентација од страна на Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery) кои ја објаснија поврзаноста на вкусот на виното со чашите од кои се консумира.