“Chalgia Sound System” во Аудиокултура

Современа изведба на македонска чалгиска песна репродуцирана преку hi-end аудио системите од teoharov audio беше музиката во која изминатиот петок уживаа гостите во Аудиокултура.

Chalgia Sound System ја долови сета топлина на чалгијата како жанр, умешно шетајќи ги посетителите низ широки просторни рамки, но и низ широк временски период.

Овој настан беше уште еден од низата “Live at Audiokultura” настани преку кои квалитетна музичка култура и негувањето на трајните музички вредности добиваат сосема поинаква димензија на уникатност која освојува.