“Отело” вечерва во МНТ
Вечерва со почеток во 20 часот, во МНТ, во рамките на манифестацијата Скопско лето 2021, ќе се одигра театарската претстава Отело.
Претставата е во режија на Нина Николиќ.
Те бакнав пред да те убијам.
Сега, додека умирам, те бакнувам пак.
Претставата е копродукција меѓу МНТ, БНП, Зеница од Босна и Херцеговина и „Перипетија продукција“ од Скопје. Играат: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Александар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ – Стилиќ, Александар Михајловски, Аксел Мехмед.