,,Светулки” нова премиера на Драгана Милошевска
Прилепскиот театар Војдан Чернодрински пред една недела ја имаше својата нова премиера за претставата ,,Светулки” новиот театарски запис на Драгана Милошевска .
Во претставата улогите ги толкуваат Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Марија Спиркоска Илијеска, Катерина Чакмакоска Клинческа, Маријан Чакмакоски, Наташа Ачански, Ангела Наумоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски и Елена Иваноска.
Драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска Ѓорѓиевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимите на Роза Трајческа Ристовска.
Композитор на музика е Ирена Поповиќ – Драговиќ, а кореограф е Игор Киров.