,,Галеб “ од Чехов премиерно вечерва во Турскиот театар
Турскиот театар-Скопје вечерва ја има својата премиера ,,Галеб” од Чехов во режија на Нела Витошевиќ .
Драма која до ден денес ја сведочи секој еден од нас . Тоа е оној ,,Галеб”кој секој си го присвојува на свој начин .
За Елементал – Нела Витошевиќ
„Галеб“ е драма која зборува за театарот и љубовта. Во ова култно дело, Чехов на траги-комичен начин ни ја пренесува атмосферата за минливоста на животот, во која се испреплетува ланец на ликови со промашени животи, со несреќни судбини, невозвратени љубови, ставени во животни околности со кои не можат или не знаат да се справат. Во претставата ние се обидовме да навлеземе длабоко во тие ликови и да направиме едно современо видување на „Галеб“, каде отворивме две важни теми: конфликтот помеѓу две генерации (постара и помлада) и последиците од невозвратена љубов. Ставивме акцент и на проблемот како постарите генерации играат улога во кршење на соништата на помладите и како го убиваат детето во нас.
Оваа драма ја сакам уште од моите студентски денови и сите заедно ја сработевме со голем мерак.
А.П.Чехов
ГАЛЕБ
Режија: Нела Витошевиќ
Драматургија: Викторија Рангелова Петровска
Сценографија: Костантин Трпеноски
Костимографија: Роза Трајчевска Ристоска
Дизајн на светло: Васил Христов
Избор на музика: Нела Витошевиќ
Фотограф: Кире Галевски
Дизајн на плакат: Дамјан Момировски
Ликови Актерска екипа
ИРИНА НИКОЛАЕВНА АРКАДИНА Несрин Таир
КОНСТАНТИН ГАВРИЛОВИЧ ТРЕПЉОВ Хакан Даци / Осман Али
БОРИС АЛЕКСЕЕВИЧ ТРИГОРИН Селпин Керим
НИНА МИХАЈЛОВНА ЗАРЕЧНА Стефанија Начевска / Сузан Акбелге
ПЕТАР НИКОЛАЕВИЧ СОРИН Џенап Самет
МАРИЈА ИЛИНИШНА МАША Ебру Мусли
СЕМЈОН СЕМЈОНОВИЧ МЕДВЕДЕНКО Неат Али
ЕВГЕНИЈ АЛЕКСЕЕВИЧ ДОРН Метин Ибрахим