“Live at Audiokultura” со Симеон Петров

Под Генерално покровителство на Комерцијална банка и нејзината Mastercard Platinum картичка 💳, Аудиокултура официјално ја започна втората сезона од концептот “Live at Audiokultura”.

Симеон Петров Квартет беше бендот кој преку настап во живо ја продолжи низата на настани со кои преку музика, звук, префинетост и стил се гради квалитетна Аудиокултура и трајни културни вредности.

Одличната изведба на авторската музика од Симеон Петров, репродуцирана преку hi-end системите од teoharov audio, на посетителите им приушти несекојдневно искуство и доживување на истата на уникатен начин.

ПР објава