Live at Audiokultura” со Гордан Спасовски трио

Вчеравечер во Аудиокултура, триото на Гордан Спасовски (Гордан Спасовски, Кирил Туфекџиевски и Виктор Филиповски) реализираше свој настап во живо, во рамки на концептот “Live at Audiokultura”

Својата авторска музика Гордан Спасосвски ја презентираше свирејќи на пијано кое, специјално за овој настан во Аудиокултура, беше поставено од страна на КRITERIUM MUSIC.

Звучната репродукција на настанот се реализираше преку системите од Teoharov audio.

Генерален покровител на концептот “Live at Audiokultura” е Комерцијална банка, а официјален пијалак на настаните се прекрасните вина од Винарија Камник (Chateau Kamnik Winery).

Гордан Спасовски Трио е еден од современите македонски џез ансамбли кој ја негува македонската џез традиција. Звукот на ова трио е препознатлив преку својата уникатност, енергичност и динамичност, каде може да се забележи силното влијание на големите мајстори на џез традицијата, како и суптилните примеси на македонскиот изворен мелос.  

Заедно имаат реализирано низа значајни настапи, помеѓу кои: 

– настап во „Будо Томовиќ“ – Подгорица,

– концертна ппромоција во Домот на културата во Бар, Црна Гора, 

– настап на Today it’s All about jazz”,

– Битола Фактори Фестивал, 

– Прилеп Џез викенд итн.

Гордан Спасовски Трио во 2020та година го промовираше својот албум „Light Pillar”. Истиот, содржи авторски композиции на пијанистот Гордан Спасовски кај кои може да се забележи силното влијание на големите џез пијанисти, но и личниот печат на самото трио.

Албумот е издаден од страна на Издавачката куќа ЗЏМ Рекордс.

ПР објава