“Live at Audiokultura” со КВАРТЕТО

Вчеравечер во Аудиокултура, составот КВАРТЕТО (Марко Виденовиќ, Марија Јаќимовска, Игор Бакревски, Кристијан Кожумановски и специјалниот гостин Петар Христов), преку изведба во живо, презентираше авторска музика напишана од Марко Виденовиќ.

Музичка, звучна и интерпретаторска перфекција се импресиите по кои ќе остане запаметена оваа музичка вечер со која Аудиокултура достојно го продолжува континуитетот на уникатна промоција на музиката и добриот звук.

Сосема компатибилен со концептот „Live at Audiokultura“ 50guests limited, овој камерен состав, иако класичната музика ја има за своја главна определба, во оваа прилика ја покажа својата сестраност, експерименталност и умешност во креирање на кохезија од различни музички правци.

45 минутното музицирање беше неверојатно патување кон една сосема друга димензија на впивање на музиката и нејзино уникатно доживување.

До следниот настан, уживајте во видеото од настанот и фото-галерија од Стефан Рајхл.