Денес, 9 ноември, камерниот оркестар „Скопски солисти“ со јубилеен концерт во Македонската филхармонија, ќе ја одбележи својата 20 годишна концертна активност.

Оркестарот ќе го предводи познатиот македонски обоист Васил Атанасов, а меѓу солистите кои ќе настапуваат се Весна Гиновска Илкова – сопран, Благој Нацовски – тенор и Томе Атанасов – обоа. Дирирент на концертот е Иван Еминовиќ.

На репертоарот ќе бидат дела од Вивалди, Перголези, Хендел, Моцарт, Хумел, Елгар, Чајковски, Пучини, Агостини, Тошевски.

Почетокот на концертот е во 20 часот.

Заради ковид-мерките неопходни се резервации однапред на телефонскиот број 02/3238-182.