Премиера на претставата „Пациенти“ во Салон 19:19
„ПАЦИЕНТИ“ е насловот на најновата хит-комедија на ТЕАТАР Провокација чија премиера ќе се одржи утревечер, 11 мај 2022 година, во Културно информативен центар – Скопје, Салон 19:19, со почеток во 20 часот.
Ова е претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземи во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено.
Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување.
Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи.
Режијата е на Ѓорѓи Ризески, кој е потпишан и на режијата на Хит-претставата „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ…“ на ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА.
Играат: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски
Сценографија: Роберт Ристов
Автор на ликовно сценски решенија: Игор Љубовчевски Љубац
ПАЦИЕНТИ прва реприза ќе се случи на 13.05.2022