Претставата ,,Нема да биде крај на светот” со две интернационални награди
Дарја Ризова повторно најдобра регионална актерка – овој пат на Фестивалот на актерот во Коњиц – БиХ
На деветтиот Фестивал на актерот во Коњиц/ Festival Glumca BiH на кој учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, РС Македонија и БиХ, нашата актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра регионална актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка. За театарските работници тоа е најчесното. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.
А пак на фестивалот БиХ драма Зеница -БиХ ,,Нема да биде крај на светот” е прогласена за најдобра претстава во целина .
Копродукцискиот проект помеѓу МНТ, Перипетија продукција и Сараевски ратни театар САРТР, „Нема да биде крај на светот“ е добитник на наградата од новинарското жири за најдобра претстава во целина на фестивалот БиХ драма Зеница -БиХ
Следната изведба е закажана на 22 јуни во 20:30 на сцента во МНТ, а во рамките на Скопско лето.