“Крај Вардарот сесии” во Аудиокултура со свое винил издание

Големите желби резултираат со големи и значајни дела. 

Кога е во прашање музиката, Аудиокултура дефинитивно може да понесе признание за креатор идеи за достојно промовирање на квалитетна музика и врвен звук, до нивно реализирање во големи дела кои чуваат колективна меморија за уникатно музичко доживување и културно надградување.

Една таква музичка приказна е “Крај Вардарот сесии во Аудиокултура”. Ова е приказна во која се испреплетени многу љубов, ентузијазам, креативност, слобода и сплотеност.

Пред повеќе од една година, пасионирани љубители на музиката и врвниот звук ја започнаа со јасна визија и прецизно испланирани детали за секој сегмент на патот кој води, не кон завршеток, туку кон цел музиката да се негува и чува…како инспирација за уште многу идни дела кои ќе ги збогатуваат колекциите од трајни вредности.

Едногодишната реализација на овој проект опфаќа 12 настапи во живо на истакнати музички имиња од ПМГ Рекордингс, внимателно бирање на музички материјал, специјално креирање на поставки од hi-end аудио опрема за секој поединечен настан, врвни акустични услови, снимање, продуцирање и безброј саати посветена комуникација за размена на идеи кон континуирано надградување на основната идеја.

Беспрекорниот акустичен простор на Аудиокултура беше сцена за најголемиот дел од овие настани од кои се креираше материјалот за содржината на винилот. 

Крајот на првата сезона беше обележан со фестивалско издание, како дел од официјалната програма на фестивалот “Крај Вардарот џез”. Во рамки на ова издание, за прв пат беше поставена и изложба од фотографии креирани на настаните кои се одржуваа во Аудиокултура.

Пред крајот на втората сезона, “Крај Вардарот сесии во Аудиокултура” имаше и свое второ фестивалско издание кое беше дел од официјалната ОФФ програма на ИФФ Браќа Манаки во Битола. Во рамки на ова фестивалско издание, Аудиокултура, Теохаров Аудио, Божиновски часовници и накит и ПМГ Рекордингс организираа музичко-креативна работилница со професионални дизајнери пред кои беа споделени детали за суштината на проектот. Резултатот од оваа работилница се 7 прекрасни дизајнерски решенија за омот на винилот “Крај Вардарот сесии во Аудиокултура”.

За визуелното претставување на оваа прекрасна приказна спакувана во винил издание е избран дизајнот на Горјан Главевски.

Неговиот креативен пристап во потполност ја доловува суштината која нас не водеше низ овој едногодишен процес велат креаторите на проектот “Крај Вардарот сесии” во Аудиокултура.

Од другата страна на приказната, доживувањата на истата се фасцинантни. Кон преточување на музиката во слика, Горјан вели:

“Од музика до визуализација. 

Главната инспирација за ова решение доаѓа од самата музика која е врежана на ова специфично винил издание. 

Исто како во џезот, кој е најслободен музички израз базиран врз импровизација и прекршување на сите поставени музички правила, така и центарот на самиот дизајн е неправилна клавијатура која е всушност само дел од пошироката слика. 

Сакав да доловам спокојна прошетка покрај кеј, рефлексија во водата и простор за многу слобода и музика. 

Доминантните бои од предниот дизајн, сината и црвената ги искористив и на задната страна, но тука носат сосема различно значење и претставуваат нешто есенцијално – бакнеж помеѓу машка и женска фигура. 

Дизајнот е позитивно видување на животот и убавите нешта – љубов, музика, игра, слобода…” 

Винилот “Крај Вардарот сесии во Аудиокултура” е лимиторано издание достапно само во Аудиокултура и Божиновски