Претставата „Кожурец“ вечерва во МКЦ
Вечерва, со почеток од 19:30 часот во МКЦ, во склоп на програмата на фестивалот Прво па женско, ќе се изведе претставата „Кожурец“, во продукција на независното здружение Артопија.
![](https://elemental.mk/wp-content/uploads/2021/06/9.jpg)
„Деветтото издание на Прво па женско отвора дискусија и го преиспитува концептот на ‘јавно’, во контекст на светска пандемија, но и локално. Во време на екстремно видлива родова, класна и расна поделеност, просторот помеѓу нас освен што стана визуелен симбол на пандемијата, дотолку појасно ја откри и тензичната сопоставеност на јавните и приватните добра.“
![](https://elemental.mk/wp-content/uploads/2021/06/Ko-.jpg)
Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец го отвара просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејсаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.
Текст и драматургија: Билјана Радиноска и Верица Недеска
Играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска, Наташа Петровиќ
Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев
Обработка на звук и видео: Душица Настова
Камера и фотографија: Марјан Петковски
Дизајн на плакат: Воскресија Андреевска
Режија: Билјана Радиноска
Продуцент: Филип Николовски
Финансов координатор: Радослав Гогушевски
Организатори/техничка поддршка: Бојан Кирковски, Ненад Митевски
Продукција: Артопија
Благодарност до: Филип Петковски, Ненад Тонкин, KOSY.
Користени текстови: „Враќање“- Блаже Конески; „Песна што треба да ја напишам“- Гане Тодоровски, „Проспект“- Вислава Шимборска
Користена музика: Jungle Dee Work- JBDBUS; Bohemian Rapsody- Queen, Ден по ден- Соња Тарчуловска; Lulaj lulaj- KOSY; Blind- Hercules and love affair, No me toques mal-La Muchacha I La Otra.
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk