Вистинскиот запад на Сем Шепардза првпат во Македонија
Официјално, за првпат во Македонија, најпоставуваниот драмски текст на наградуваниот американски автор Сем Шепард – „Вистинскиот запад“ ќе биде одигран вечерва, 26-ти и утре, 27-ми (понеделник) септември од 20 часот, во МКЦ.
Сте се фатиле ли себе си во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите?
“Вистинскиот запад” ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од “што сум направил до сега” не исчезнува.
Играат: Томислав Давидовски Марјан Наумов Мартин Манев Тања Кочовска
Текст: Сем Шепард
Режија: Борис Василески
Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев
Костимографија: Симона Даноска
Извршен продуцент: Ава Хусеини
Превод од англиски јазик: Марио Стојаноски Музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски
Дизајн на постер: Ана Јачева
Билетите по цена од 350 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.
Изведбите на претставата се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани.